Ќе се урива ли Триумфалната порта изградена во центарот на Скопје под која поминуваат македонски спортски екипи кои оствариле успеси на меѓународен план и на која премиерот Заев закачи бројчаник за вратени пари во буџетот кој никогаш не преработе.
Денеска на Прес конференција во Владата министерката за култура Ирена Стефоска по повод 100 дена од почеток на мандатот објави дека побарала “Порта Македонија” да го загуби статусот на споменик на култура.
“До управата за заштита на културното наследство поднесовме иницијатива да се преиспита заштитениот статус на Порта Македонија како културно наследство”, изјави Стефоска набројувајќи ги активностите преземени од министерството за култура во првите сто дена од владата.
Стефоска не кажа директно дека барањето за Порта Македонија е со цел уривање на истата но не објасни зошто инаку би барала да се смени нејзиниот статус.
Уривањето на Порта Македонија и на други споменици беше едно од ветувањата на голем број претставници на СДСМ а за таа намена беше формирана и посебна комисија која требаше да утврди кои споменици од проектот Скопје 2014 треба да се уриваат.
Со одземањето на статусот заштитен спомени а културата Порта Македонија ќе биде третиран како обичен градежен објект кој што може многу полесно да биде урнат.
Портата е дело на вајарката Валентина Стефановска, која го изработи и проектот Воин на коњ.
Порта Македонија е висока 21 метар, а се простира на површина од 193 квадратни метри.
На надворешност од објектот се издлабени релјефи со мотиви од македонската историја, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа.
На врвот од Порта Македонија има платформа за набљудување, а граѓаните и туристите ќе можат дотаму да стигнат со два лифта и две скалила.
Целосната изградба и уредување на Порта Македонија чинеше околу 4,4 милиони евра.
Нејзиното уривање ќе чини најмалку 1 милион евра.
Изјавата на Стефоска е по 7 минута од видеото




