Министерството закултура немало надлежност за споменици, тврди министерката за култура, туку за меморијални споменици надлежно е Собранието, а за спомен облежја – општините.
Но, работите не стојат баш така.
Министерството за култура, согласно Законот за меморијални споменици и спомен облежја, врши контрола над спроведувањето на Законот и ја контролира законитоста, пренесува офф.нет.мк.
Бисера Костадинова Стојческа е надлежна да утврди дали споменикот во Слупчане на УЧК е дивоградба, а ако е, да се обрати до министерот за транспoрт.






