Министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека во општината Желино царува урбаната мафија и не се спроведува законот за градба а владата не презема ништо за ова незаконско однесување.
,,Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја”, му одговари министерката за одбрана Славјанка Петровска на градоначалникот Блерим Сејдиу, кој ја советува да се обрати до ЈП за Државни патишта да бара дозвола за градба на споменик на загинатите бранители кај Карпалак.
Месноста Карпалак е во Општина Желино а директорот на ЈП Државни патишта е од ДУИ.
„Во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети“, изјави за порталот СДК министерката Петровска која побара дозвола од Општина Желино за изградба на достојно спомен-обележје на тоа место.
Сите детали на овој ЛИНК






