Министерка поднесе оставка зашто користела годишен одмор

Ане Шпигел денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата Министерка за семејство на Германија, откако изби скандал по нејзината минатогодишната одлука да оди на одмор по разорните поплави во сојузната држава каде што таа беше на висока функција.



Шпигел, член на Зелените, е првиот министер што ја напушти владата на канцеларот Олаф Шолц, која сè уште ја сочинуваат неговите социјалдемократи (СПД) и Либералната партија на слободните демократи (ФДП).

„Денес, поради политички притисок, решив да поднесам оставка од функцијата федерален министер за семејни прашања“, рече Шпигел, која во неделата се извини за четиринеделната пауза веднаш по големите поплави во 2021 година. Index.hr