Министер во Владата на БиХ почина од Ковид-19

Министерот за боречки прашања во Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Салко Букваревиќ, почина утрово од Ковид-19 на Клиниката за белодробни болести во Сараево.



Букваревиќ пред десетина дена беше хоспитализиран, а на 22 јули му беше потврден позитивен тест на коронавирус. Здравствената состојба му се влошила во понеделникот, имал отежнато дишење, па претходниве денови бил на кислородна поддршка, а од вчера попладне бил приклучен на респиратор.

Роден е во 1967 година, а министерската функција ја извршуваше од 2015 година.