Министер спореди владика на МПЦ – ОА со црв и мува

Лидерот на ЛДП Горан Милевски го спореди владиката на МПЦ-ОА со мува и црв.



Предходно владиката Агатангел пред кавадарчани, како и пред лидерот на опозицијата, којшто присуствуваше на закројувањето на лозјата, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и оти верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

Ваквото обраќање на епископот предизвика реакција на владиниот претставник, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски кој го нарече владиката Агатангел „штетник и срам за Црквата“.

Агатангел, во својот говор, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го нарече „нашиот претседател“ за кого верува дека со помош од Бога и Богородица ќе го врати назад она што е свето македонско и национално.

„Ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско, бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци, длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош“, рече Агатангел.

На неговиот говор реагираше министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој присуствуваше на настанот како претставник на Владата. Милевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ направила партиска прослава, а Агатангел ја „извалкал мантијата“ и е срам за црквата и народот.

„Сакам да реагирам на политичките изјави кои ги слушнавме од владиката Агатангел. Мислам дека е срам за мантијата што ја носи и повеќе ѝ прави срам на црквата, отколку што тој самиот си прави срам за себе. Да беше свесен за што зборува, тој немаше тоа да го каже. Како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така господинот Агатангел, ако можам да го наречам господин, е штетник за црквата, народот и граѓаните“, вели Милевски.

Ова е прва ваква силна реакција на било кој владин претставник кон владика на МПЦ-ОА во историјата на Македонија