Министерот во оставка Венко Филипче пред три дена во својот кабинет ги собрал директорите на клиниките кои тој ги поставува за да разговараат за актуелната состојба со ковидот.
Меѓу присутните директори од кои дел не се објавени на сликите кои тој ги презентира од состанокот имало неколку кои јавно го бранеа по наредбата од СДСМ.
Еден од тие што Филипче ги објавува на сликите е Дејан Докиќ долгогодишен директор на скопска клиника кој беше поставен во времето на Груевски по што беше уапсен за мито.
Другата што се гледа на сликите е Ирина Пановска која води институција што не третира Ковид пациенти.
Зошто на сликите се гледаат само тројца директори е прашање на кое треба да одговори министерот во оставка но нејасно е зошто на настанот ги нема или не се прикажани други директори кои се главни во битката со ковидот.
Дали тие се срамат да се сликаат со министерот или одбиваат да бидат користени од Филипче во неговата пропагандна војна за спас на министерската фотелја треба да кажат самите директори.
“Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба. Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме“, напиша пред три дена Филипче на социјалните мрежи во обид да покаже дека тој се уште е министер.
Но граѓаните во коментарите на постот го прават “пепел” некогаш најпопуларниот министер на СДСМ а сега според коментарите еден од најомразените.
Македонските корисници на социјалните мрежи вообичаено се исклучително критични кон политичарите кои му згрешиле на народот по било која основа но ова што во континуитет му се случува на Филипче досега по нивото на омраза и незадоволство, освен на премиерите Заев и Груевски и екс министерот Никола Тодоров не му се случило на ниту еден друг член на било која влада откако има социјални мрежи:
Ниту срам,ни морал ни чувства. Камено лице без израз. Ако барем беше стручњак зошто сме најлоши меѓу првите 5 најнеспособни во справување со вирусот. И тоа не ви е доволно за оставка ниту изгорените 14 души. Да имаше ваш близок во таа модуларна болница ќе ви се јавеја некои чувства. Упс вие важните не се разболувате ниту вашите блиски. Како е можно!?? Само обичен народ страда.!!!
Да бевме дел од Европа, до сега ќе беше второ рочиште на суд да објасниш како тоа во мирнодобски услови може да бидат запалени 14-сет пациенти кои биле дел од здравствениот систем кој мнооогу “добро” го менаџирате со НАД 6000,00 смртни случаи од К19 први во Европа !
#ОдговорностМораДаИма
#ОдиСиДодекаНеТеОднесат
Ти си бил ептен забеган.Абе ти имаш ли СТРАМ? Па и имаш лице да се појавуваш сеуште 14 души изгореа, незнам како имаш мир во душата…

Сите коментари во постот
https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2774601359513546/






