Министер поднесе оставка поради коронавирусот

Адам Војтех, министер за здравство на Чешка поднесе оставка по критиките за порастот на бројот на случаи на коронавирусот во таа земја.



Чешка го бележи вториот најголем пораст на бројот на случаи на коронавирусот во Европа по Шпанија.

Во изминатите две недели регистрирани се 193 случаи на Ковид-19 на 100.000 луѓе, наведува Европскиот центар за превенција и контрола на болести.