Министер поднел оставка за сообраќајка во која бил само патник

Португалскиот министер за внатрешни работи Едуардо Кабрита поднесе оставка по скандалот со фатална сообраќајна несреќа од летото 2020 година, кога автомобилот во кој се движел министерот удрил работник што работел на пат со брзина од 166 км/ч.



И покрај фактот дека Кабрита беше „само патник“, централно-левичарската Социјалистичка партија, на која ѝ припаѓа, одлучи тој да ја напушти политиката пред парламентарните избори закажани за 30 јануари 2022 година.