Министер откри дека “пиуни” во МВР криеле информации за ерменскиот скандал

Екс техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев одговара на нападот на министерот Оливер Спасовски кој преку медиуми сакаше на него да ја префрли одговорноста за ерменската афера.



Спасовски вели дека потерницата стигнала во време на техничкиот министер Наќе Чулев кој пак одговара дека му биле криени податоци и не бил информиран за потерницата по Миленкоски.

“Додека јас бев министер, ниту еден од пиуните на Оливер Спасовски до мене не достави информација за било каков криминал од меѓународни размери, напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги скриваа скандалите правени од негова страна. Исто така, дополнително ниту било која друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал”, одговара екс техничкиот министер во МВР Наќе Чулев.

Перфиден обид преку новинарка на Слободен печат да се дефокусира јавноста

Откриени луѓето на Спасовски кои требало да ја процесираат потерницата на Интерпол за луѓето на Димовски и Димитров