Министер од СДСМ му се закани на вицепремиер од ДУИ за работното место

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, коментирајќи го буџетот за плати, новите вработувања во администрацијата и реформи на администрацијата индиректно му се закани на вицепремиерот за Рамковен Договор Хазби Лика кој со месеци не се појавува на работното место а зема плата и ги користи сите бенефиции од функцијата.



„За оној кој не работи нема потреба да зборуваме за реформа. Тој што не работи едноставно нема што да бара“, нагласи Манчевски кој случајно или несвесно во својата изјава со која прецизно го објасни случајот на вицепремиерот Лика кој како кадар на ДУИ зема плата а не оди на работа.

Министерот од СДСМ не беше прецизен дали ако Лика се врати на работа тој ќе добие поголема плата.

“Ќе дадеме, поголема плата, но и ќе бараме многу повеќе работа”, изјави вчера Манчевски според кого администрацијата мора да стане ефикасна служба на граѓаните и се додека граѓаните не го сменат мислењето за администрацијата имаме проблем.

Зошто владата 8 месеци не може да го реши проблемот со Лика, Манчевски не открива.