Храна за вработените во Министерството за Одбрана и за припадниците на Армијата на Република Македонија ќе подготвува приватна фирма, дознава Радио Лидер од извори од Министерството за Одбрана.
Како што дознава месиумиот, во изминатиот период се врши огромен притисок за тендерот, кој веќе е објавен и чини милиони, да го добие компанијата „Индустри сервисес“ која веќе ја храни македонската полиција.
Тендерот би требало да заврши на почетокот е наредната недела, а главен промотор за оваа компанија да ја храни војската е Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој веќе има сериозен скандал поврзан со истата, објавува Радио Лидер.
Како што се дознава, наместо да се изберат повеќе добавувачи или добавувач со поквалитетна понуда, се врши притисок токму компанијата која на почетокот на месецов имаше серија со труења, да го добие тендерот.
Две последователни труења со храна на почетокот од месецов имало во компании кои со храна ги снабдува „Индусти сервис“, компанијата која на почетокот од годинава од Оливер Спасовски доби два договори од речиси 13 милиони евра за со храна да снабдува два витални објекти на МВР. – дознава Радио Лидер од извори во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Сите детали на Радио Лидер






