Еден актуелен министер и еден советник на премиерот Заев се дел од најновата корупциска афера која меѓу редови ја најави лидерот на опозицијата Мицкоски.
На социјалната мрежа Твитер веќе неколку дена се објавуваат имињата на двајцата високи функционери но засега не се објавуваат транскрипти, видеа или аудија за скандалот кои ако се појават и ги докажат наводите за корупција би можеле да предизвикаат катастрофа во односите со ЕУ и трајно да го одложат датумот за преговори.
Според информациите на социјалните мрежи двајцата високи функционери биле дел од владино тело кое одлучувало за распределба на европски пари при што дозволиле со доделување средства за несоодветни организации и лица да се сторат низа нерегуларности спротивни на македонските закони и европските процедури.
Според невладини активисти на владата во неколку наврати од експерти и било укажано дека во случајот се прави криминал но од таму тие што пријавиле не добиле никаква реакција.





