Веле Самак — министер без ресор на Република Македонија во периодот 2006–2017, задолжен за привлекување странски инвестиции призна дека ја советува владата за економски и финансиски политики.
“Имам 25год богато професионално меѓународно искуство, со особено исклучителни резултати за Македонија. Секогаш кога некој ме побарал споделувам економски совети па и на волонтерска основа како што е ова тело. Се надевам моите совети и сега ќе бидат корисни за раст на Македонија”, призна Самак откако вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи објави дека повеќе блиски луѓе на Груевски ја советуваат владата за економски прашања.
Самак дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго. Магистрирал од областа на бизнис администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија а министер стана на 32 години во септември 2006 година, позиција на која остана до 2017 година.






