Минималната септемвриска пензија „скокна“ над 13.000 денари

Со септемвриското усогласување, минималната пензија се зголеми и надмина 13.000 денари. 



Пензиите се „зголемуваат“ но не колку што беше најавено

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека со двете усогласувања оваа година пензиите вкупно пораснале за 13,7 проценти. 

Согласно методологијата, пензиите се „зголемија“ за 5,3 проценти иако имаше најави за усогласување кое би било над 6%…

Пензионерите со највисоки пензии, ќе добијат зголемување од речиси 3.700 денари, додека пензионерите со просечна пензија (која изнесува околу 20.000 денари) на своите сметки ќе добијат покачување од 1.060 денари.

Со месеци здруженија на пензионери протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите и утврдување на минимална пензија од 18.000 денари, а како одговор на нивните барања, МТСП формираше работна група која треба да донесе решение за износот на минималната пензија, како и дополнителни мерки за пензионерите со најниски пензии.