Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека од март 2023 година Владата ја зголемува минималната плата на 19.600 денари.
Битиќи вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.

– Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели Битиќи.





