Минималната плата 20.175 денари, газдите ќе ја почитуваат…

Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20.175 денари.



„Донесовме одлука за зголемување на минималната плата. Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20.175 денари, односно ќе има зголемување за 12 насто“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешниот Економско-социјален совет.

Бизнис-заедницата вети дека ќе ги почитува законските одредби кои кои произлегуваат од социјалниот дијалог со Владата и работниците, односно покачувањето на минималната плата од март на 20.175 денари, но потенцира дека работниците мора да си ја заработат платата.

„ Минималната плата не треба да биде мотив, таа треба да биде за најниското ниво на вработени.

Нашите работнции мора да имаат повисоки плати, но мора да си ги заслужат и да ги одработат, а ние соодветно да ги наградиме…

Ние со нашите партнери во економско-социјалниот совет ги поддржуваме добрите работници и се стремиме тие да имаат добра куповна моќ. Мора да разговараме во друга насока, а тоа е да имаме попродуктивни работници и да имаме млади луѓе кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор и да живеат тука – изјави претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајковска после одлуката на економско-социјалниот совет во Владата да се покачи минималната плата согласно законското решение за раст на минималецот донесено лани.