Повеќе од 40 дефекти регистрирал експерт на германската сообраќајна полиција кај минибус од Македонија запрен од патрола на улица во Лиденшајд, во покраината Северна Рајна Вестфалија.
Покрај сериозните дефекти на управувачот, сопирачките и осветлувањето, имаше и ‘рѓа на деловите на носечката рамка, а хаубата се закануваше да падне, стои во извештајот.
Возилото веднаш е исклучено од сообраќај и со камион за влечење е отстрането од улицата, возачот платил т.н. безбедносен депозит од 210 евра, а известувањето за казните ќе му биде испратено на домашна адреса.





