Ги повикувам претседателот на државата г-дин Пендаровски, премиерот на државата г-дин Ковачевски да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава. Впрочем за тоа и се платени – вели во својата колумна поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, а воедно и поранешен генерален секретар на партијата, Горан Минчев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.
„Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто.Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ.
Според него, тезите дека ова е последната шанса на Македонија да се приклучи кон европското семејство и дека неприфаќањето на овој предлог ќе предизвикаат меѓуетнички тензии и ќе отворат безбедносни прашања се – лага.
Секогаш има нов предлог, а ние треба да се избориме преку дијалог со нашите европски партнери истиот да е поволен за Македонија. Дека ако не постои македонски јазик, идентитет и историја ја нема и Македонија“, напиша Минчев.






