Минатата ноќ 62 лица го прекршиле полицискиот час

Минатата ноќ во периодот од 20 часот до 05 часот регистрирани се 62 прекршувања на забраната за движење во полициски час кој синоќа започна 2 часа порано..



Во текот на изминатото деноноќие,  за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.