Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник , Антонио Милошоски открива дека Заев и Борисов на средбата во Бугарија ќе се согласат околу нова „дефиниција“ за Гоце Делчев:



„Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11-ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:

‘Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија’.
(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров и други).

Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија.“, напиша Милошоски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3757285897624182