„Кога не би следел странски медиуми, можеби би поверувал во тоа што го зборува Заев, но гледам дека тој лаже. Холандскиот министер изјави дека Холандија го блокира одлучувањето за датум за преговори за Македонија и Албанија. Тоа значи дека Македонија не доби датум за преговори“.
Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во вечерашново гостување во „Топ тема“ на „Телма“, пренесе „Фокус“.





