Собраниска делегација предводена од Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, во наредните 4 дена ќе учествува на редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Пратеникот Милошоски, на Фејсбук постираше фотографија од акредитацијата на која пречкрта „северна“.
„Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година“, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил!






