Екс-министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, реагира на новата ‘систематизација’ или своевидна ‘метла’ во МНР, што ја спроведуваат, според него (иако не ги споменува со име), актуелниот министер за надворешни Никола Димитров и шефот на неговиот Кабинет, со која се деградирани од функција триесетина дипломати со завиден стаж во тридецеинското креирање на македонската надворешна политика,.
„За време на “режимот” двајцата станаа амбасадори, а едниот и специјален советник на главниот. Сега се министер и шеф на кабинет, па заедно решиле да деградираат околу 30 кариерни дипломати, нивни колеги. Меѓу нив и неколку доктори на науки, магистри, па дури деградирале и колешка пред пензија.
Она што го покажува вистинското лице е што кариерно се деградирани дипломати кои на двајцата амбасадори лично им помогнале и како на колеги и како на луѓе во претходните 10 години, но сега двајцата се во високата ложа, па заборавиле дека со истите колеги треба да дочекаат и пензија. Но, нека.
Порака за двајцата: со списокот од 30-тина деградирани кариерни дипломати, како и оној другиот на дипломати на вашата листа на лична нетрпеливост, вие знаете дека краткорочно им правите штета на колегите.
Но, верувајте, среднорочно само давате препорака за луѓето кои следната година ќе напредуваат и ќе добијат поголеми одговорни задачи и внатре во МНР и надвор во ДКП-ата.
Нема долго да трае вашето одмагање на колегите кои ви помагаа. Ќе ги биде!- пишува Милошоски на Фејсбук.





