„Граѓаните сметаат дека нема демократија во државата, таа се замени со дуикратија зашто така имаш статус, имаш хонорари за твојот близок, а можеш и без правосуден испит да влезеш во Академијата за судии и јавни обвинители“, изјави денеска пратеникот Антонијо Милошоски од собраниска седница.
Ваквиот коментар Милошоски го даде во врска со правосудниот испит на синот на Талат Џафери, Барлет, кој го положил пред да заврши соодветно образование и кој – според негово мислење -може да се поништи.
„Доколку е стекнат документ на незаконит начин, без завршен факултет, тој е ништовен и може да му се поништи на Џафери Јуниор.
Во јавноста имаше бројни реакции откако синот на собранискиот спикер Талат Џафери успеа да влезе во Академијата за судии и јавни обвинители, а сега се најде и на список како еден од идните обвинители на државата.
Милошоски е убеден дека има начин тоа да се поништи:
„Доколку е стекнат документ на незаконит начин, без завршен факултет, тој е ништовен и истиот може да му се поништи на Џафери јуниор“, вели Милошоски.







