На Тетово и на Македонија вчера вечер им се случи пеколна трагедија, со многу човечки жртви чии животи згаснаа на ужасен начин, и нашето длабоко сочувство е премалку за утеха, пишува на Фејбук пратеникот Антонијо Милошоски.



„По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба денешниот ден, 9 септември, кога роднините, цело Тетово и Македонија се во тага, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ- точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други институции“, објави меѓу другото Милошоски на Фејсбук.