Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од последниот парламентарен состав, вчера поднел 
ницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО.



Очекуваме Уставниот Суд во најбрзо можно време да се произнесе по оваа предлог иницијатива, изјави на денешната прес конференција Антонијо Милошоски кој ги образложи и причините зошто, како што рече, уредбата е неуставна, незаконита и економски штетна.

“Уредбата за исплата на пари на поранешни вработени, службеници, истражители во СЈО нема никаква допирна точка со основата за прогласување на вонредна состојба во Република Македонија, а тоа е борба со пандемијата и вирусот Ковид-19 и неговите здравствени и економски последици. Затоа сметаме дека оваа уредба е незаконита, е противуставна и е спротивна на уредбите кој што Република Македонија ги ратификувала како членка на Советот на Европа.

Понатаму оспорената уредба очигледно е дека има една интенција- незаконски да регулира материја кој во ниеден аспект не е поврзана со главната причина заради која што претседателот на државата воведе вонредна состојба, ниту пак има состојба на итност или нужност да уреди некое прашање за функционирање на државата за да е справи со епидемијата на Ковид 19 во Република Македонија“ рече Милошоски според кој „Владата ја злоупотребила вонредната состојба за да исплати пари на поранешни вработени во СЈО кои што се блиски членови на Заев, на Катица Јанева, на поранешни и сегашни обвинители и судии и партиски послушници на актуелната Влада“.

Милошоски во продолжени истакна дека во моменти кога здравствените работници не се доволно опремени, кога болниците кубурат со основни средства за работа и борба против вирусот, во моменти кога имаме се поголеми редици на нови невработени луѓе кои што добиваат откази од мали и средни претпријатија заради економската криза е навистина големо расипништво да се потрошат два милиони евра за поранешните вработени службеници и истражители во СЈО кои се блиски до СДСМ.

„Затоа се прашуваме зошто девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева би имала повеќе права да добие високи средства и хонорари од Владата како поранешна вработена во СЈО, а да не може тоа да го добие некој келнер, готвач или касиерка која што ја загубила својата работа во изминативе месец дена.

Зошто ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, Марија Василевска вработена по роднински врски во СЈО би била побитна од некој друг граѓанин вработен во приватниот стопански сектор кој што изминативе месец дена добил отказ заради тешката економска состојба и заради неспособноста на владата да им помогне на стопанските субјекти.

Зошто Ефтимија и Љупчо Чочурски, братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски би биле побитни и привилегирани да добијат илјадници евра во оваа тешка ситуација, а тоа да не го добие некој здравствен работник како награда за тоа што работи по 14 часа на ден и се бори со пандемијата и во Куманово, и во Скопје и во Прилеп и во Дебар.

Затоа ние предлагаме после по укинувањето на оваа уредба која што е спротивна на Уставот и законите кои ја регулираат оваа материја за работни односи Владата да размисли и овие два милиони евра кои што би ги потрошиле за поранешните вработени службеници шофери, истражители и кафекувари во СЈО да ги намени многу покорисно, односно со два милиони евра да размисли да купи 500 квалитетни скафандери за доктори и медицински сестри и 10 нови амбулантни возила кои што Заев ги ветуваше дека ќе ги купи уште пред 4 години.

Или доколку овој предлог не е соодветен тие два милиони евра кој што би требало да бидат потрошени од државниот буџет за СЈО би можеле да се потрошат за да се помогнат новите 10 илјади невработени луѓе кои што секој ден се регистрираат во Агенцијата за вработување, рече Милошоски.