Шефот на комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски тврди дека премиерот Ковачевски уште пред неколку недели бил информиран за содржината на документот на ЕУ со кој треба да се одблокира бугарското вето за Македонија.
,,Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој И одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори”, пишува екс шефот на македонската дипломатија објавувајќи го документот во кој се содржани контроверзните предлози на ЕУ.
Предходно Ковачевски на прес конференција рече дека не знаел што содржи францускиот предлог упатен до Софија.
Ковачевски призна дека ЕУ не го информирала што содржи ,,Францускиот предлог”
Кои се слабостите на документот кои се на штета за Македонија во овој текст
Шеф на комисија за надворешна политика за рамката на ЕУ: Сериозни влошувања за Македонија






