Милошоски: СЈО да биде дел од ЈО и без повластен статус

Специјалното јавно обвинителство да биде дел од Државното јавно обвинителство, но да нема повластен статус што ќе привилигира некои обвинители, а ќе деградира други обвинители.



И другите обвинителства како што е скопското Јавно обвинителство, и другите што се занимаваат со убиства, тежок криминал и други незаконити дејствија имаат обврска и потреба исто така да добијат и буџетска поддршка и ресурси за нивната работа“, изјави Антонио Милошоски денеска во Министерството за правда пред почетокот на преговорите за законот за јавно обвинителство.

„Се надеваме дека министерката ќе најде менаџерски способности да ги убеди сите чинители во овој процес  да стигнеме до заеднички компромис што нема да отстапува од позитивните прописи во Република Македонија и од судската пракса во Судот во Стразбур – изјави Милошоски запрашан дали од неговата партија остануваат на овие барања, пренесува +Инфо.