Милошоски: СДСМ се плаши од избори – нема со што да се пофали

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дфека владејачката СДСМ е „прилично уплашена“ од избори и тоа е повеќе од очигледно, а, според него, има и зошто. ж



„Сметам дека во нивното портфолио изминатите 6 години немаат големи успеси.

Напротив имаат сеиозни неуспеси, многу ветувања а големи разочарувања има кај нивните симпатизери и мнозинството граѓани и затоа тие бегаат од избори.

Но, дали изборите ќе бидат редовни или предвремени, тие доаѓаат наскоро, ниту една влада не може да избега од избори“, вели Антонијо Милошоски, во гостување во Радио 1 на МРТ.