Милошоски: Само Заев осамен лицитира за избори


Претседателот на СДСМ остана единствениот изолиран политичар кој, без разлика на потребата од сериозни анализи од здравствен и изборен аспект, лицитира со избори датуми.



Но, за среќа, вели поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, ниеден друг претседател на политичка партија присутна на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, не ги прифати неговите лицитации,

„Зошто господинот Заев лицитира на ваков начин со датумот за изборите можеме само да претпоставиме, една од претпоставките е дека во последно време се повеќе анонимни дојавувачи така наречени свиркачи се охрабруваа за господинот Заев како премиер и за неговите поблиски соработници да споделуваат со нас материјали кои што се основани сомненија за одредени инкриминирани дејствија. Веројатно и самиот е свесен за тој податок и сака лов во матно, односно организирање на небезбедни избори кои што би можеле да го намалат одѕивот на граѓаните, а со тоа Заев да го ублажи својот очекуван пораз“, вели Милошоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ во секој момент е подготвен за избори на оки очекува победа.

За вчерашната лидерска рече дека ВМРО-ДПМНЕ е прилично задоволна од исходот затоа што начелно бил прифатен план од 4 точки као би требало да се услов за да се одржат избори: Консултација и извештај од Комисијата за заразни болести, консултација извештај и проценка од ДИК, потоа извештај и допис од ОДИХР кога ќе можат да испратат полна набљудувачка мисија и откако ќе се исполнат овие услови на крајот да се направи една сериозна анализа за определување на нов термин за одржување на безбедни, регуларни и кредибилни избори, ова денеска во изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.