Екс министерот за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера преку Фејсбук го кажа своето мислење за референдумот за Договорот со Грција, што треба да се одржи на 30 септември.
„Референдумското прашање кое е
– спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и
– спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер (ЕУ) 1992г.
Не заслужува одговор!“, напиша Милошоски на својот ФБ профил.





