Пратеникот Антонио Милошоски жестоко реагира на барањето од министерот за надворешни работи Никола Димитров за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи поради таблата со Република Македонија на нејзините прес-конференции.
„Рашела е македонската Естреја Овадија – Мара (1923-44), првоборец во народните одреди ‘Даме Груев’ и ‘Гоце Делчев’. Никола Димитров е Коте од Руља, кој двапати доби прошка од Гоце Делчев и Даме Груев, но, сепак, одлучи да остане слуга на владиката Каравангелис, за 40к сребреници!“, порача на социјалните мрежи претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија и поранешен шеф на македонската дипломатија.






