Антонио Милошоски на обвинителката Вилма Рускоска ѝ предал аудио записи и транскриптот што ги добил од укажувач, а во кои се слуша гласот на доскорешниот премиер Зоран Заев.
„Ѝ ги предадов материјалите и транскриптот на обвинителката Вилма Русковска. Направивме уреден записник и според она што ми беше објаснето е дека ќе ги вклучи овие материјали во предметот за ‘Меѓународниот сојуз’ бидејќи и самиот адуиоматеријал и транскрип даваат сомнеж дека Заев подолго време знаел за нелегалното финансирање на ‘Меѓународниот сојуз’ и помагал во финансирањето на 1ТВ.
Според моето мислење како правник, би било најдобро ако Обвинителството одлучи да го повика (Заев-н.з.) да даде изјава по однос на самиот материјал“.
Аудиозаписот што го предал е, оној што го пушти и пред Комисијата за европски прашања, а на новинарско прашање дали ќе го предаде и разговорот кој бараше да го објави на пленарна седница, а не доби дозвола од Собранискиот спикер Талат Џафери, тој рече ,,Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие“.






