За даночниот систем или среќа Нова 2007, пишува Антонијо Милошоски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
– Драго ни е што после вкупно 13 години како партија и после 5 години како влада, СДСМ се откажа од нејзините даночни импровизации, и конечно прифати дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година е стабилен, развоен и предвидлив даночен концепт, поволен за стопанството и граѓаните, вели тој.
Додава дека колку економските програми на СДСМ се кредибилни говори токму и нивниот проект “прогресивен данок” кој беше едно од главните ветувања на СДСМ. Беше дел од сите предизборни програми во изминативе 13 години, како и во изминатите 4 изборни циклуси.
– За крај еден цитат. Во планот “За Живот” на СДСМ пишуваше: “Постојниот даночен систем во државата делува во корист на најбогатите граѓани, а на штета на останатите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го воведе рамниот данок, според кој сите граѓани плаќаат данок на својот доход по една иста даночна стапка од 10%, без разлика на тоа колкави се нивните плати и останати приходи. Ова не е праведно. Ние тоа ќе го промениме“. Се до денешната вонредна прес конференција на Ковачевски, напиша тој.







