Милошоски: Од денешна гледна точка, Хан „баш го брига“ и за Јанева, и за Македонија

Поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на екскомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, по пресудата за бившата шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.



„Од денешна гледна точка ЕУ комесарот Хан ‘баш го брига’ (цитат Р. Мерко) и за Катица Јанева, и за пресудата, за селективната правда, рекетирањето, за тоа каде се парите, и за пуштениот убиец на Мартин Нешковски, за уцените од Бугарија, и за проблемите со кои се соочува Македонија!“, го коментира досегашниот пратеник твитот на Хан од 2016 година: „Добра средба со специјалната обвинителка Катица Јанева, која ме брифираше околу нејзината работа и предизвиците“.