По изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наводно сакале да го блокираат законот и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на коронавирусот, пратеникот Антонио Милошоски вели дека се работи за спин.
„Измените пристигаа до Собрание и пратениците бараат еден ден да ги разгледаат. А, знаеме што се предложените измени, бидејќи Владата најави дека во тие измени се предлагаат мерки за борба против пандемијата.
Кога ги прочитавме измените, ги има и на собранискиот сајт и може да се проверат, гледам дека во предлог – законот кој што го нуди Владата и министерот Венко Филипче нема ниту една мерка што се однесува на зајакнување на капацитетите на Комисијата за здравство, на капацитетите на центрите кои што прават тестирање, нема мерка која што се однесува на хронично болните или на пензионерите“ ирече Милошоски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.
„Значи во овој предлог-закон има едниствено односно предложени се зголемување на надлежностите на инспекторатите, трудов, пазарен, за транспорт и така натаму, како тие во иднина и се наведуваат казните, при контролирање на субјектите кои што требаат да применуваат мерки – како можат да пишуваат санкции. Тоа се едниствените работи кои што се наведени во предлозите.
И затоа ние предложивме средба која што се одржа помеѓу министерот Филипче и Вело Марковски од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, за да се предложи барем една мерка од наша страна која е и суштинска во останатите европски држави, а тоа е да формираме Специјална државна комисија за борба против пандемијата. Таа да биде составена од 9 експерти и по функција да учествуваат во таа комисија и министерот Филипче и директорот за управување со кризи“, образложи Милошоски.






