„Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, а дел од причините за тоа се  селективната правда и немањето реформи во администрацијата“, соопшти денеска преку видео-порака на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски.



Тој е во Стразбур на сесијата на Парламентартното собрание на Советот на Европа.

Македонија нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, а преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години.

„Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претс избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година“, за време на Хрватското претседателство“, вели Милошоски според кој ваквите информации ги добил во средби со колеги од повеќе земји.

Франција, Холандија и Данска во моментов биле на мислење дека ниту Македонија нитуа Албанија не треба да добијат датум за почеток на преговори во јуни, вели Милошоски.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/videos/2573510529344877/