Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија во својата држава! – Дезертерот Ковачевски му ја отстапи фотелјата на дезертерот Џафери!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од премиерската фотелја, за да седне во неа Талат Џафери, кој е, исто така, дезертер од АРМ. Милошоски укажа дека ниту еден од двајцата немаат искрени чувства кон Македонија. Тој ја искритикува СДСМ дека ја продале куќата.



„Еден дезертер даде оставка, другиот ќе седне на фотелјата. Пратениците на ДУИ немаат пратеници и број на гласови, за да изберат премиер. Но Ковачевски и Маричиќ ефтино ја продадоа куќата на СДСМ и за своите фотелји од СДСМ направија приврзок на ДУИ. Заради коруптивни побуди, слугите на корумпираната ДУИ го направија македонскиот народ кираџија во сопствената држава. СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија понижувачка ДУИ-зација на државата, ставајќи го на чело на државата Талат, другарот на Рамиз Мерко и на Пуцко Петрол – познатите европејци во Македонија.“ – рече Милошоски.

Милошоски нагласи дека нема ништо историски во денешниот ден, освен што има историски најголем долг, корупција, пропаст. Тој ги спомена и најголемите коруптивни скандали и скандалозни јавно-обвинителски одлуки.

и.