Милошоски: Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата

ДУИ нема пратеници и број на гласови за да избере премиер. Но Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата на СДСМ и за нивните фотелји од вашата партија направија привезок на ДУИ, изјави денеска од собраниска говорница пратеникот Антонијо Милошоски.



„Слугите на корумпираната на ДУИ, заради коруптивни побуди, македонскиот народ го направија кираџија во сопствената државата. СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија понижувачка ДУИ-зација на државата, ставајќи го на чело на државата, Талат, другарот на Рамиз Мерко и Пуцко Петрол – познатите европејци во Македонија“, рече Милошоски.

Тој оцени дека нема ништо историски во денешниот ден, освен што историски има најголем долг, корупција, пропаст.

Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ.

Според пратреникот на ВМРО-ДПМНЕ дека ниту еден од споменатите двајца немаат искрени чувства кон Македонија.