Обидот да се протне “привремен правилник” за онлајн работа на пратениците од дома има за цел да ја покрие неспособноста на владеачката селотејп коалиција да обезбеди кворум од 61 пратеник за работа на Собранието, пишува на Фејсбук поранешниот пратеник Антонијо Милошоски по најавата дека се подготвува платформа за онлајн работа на пратениците.
. Претставниците на власта се свесни дека во сегашниот состав имаат најмалку двајца пратеници кои на седници во Собранието доаѓале “од принова, на погибел”, како и уште двајца пратеници од помалите партии на селотејп коалицијата кои се незадоволни од ветеното пред избори и сегашното нивно маргинализирање во извршната власт.
Овие околности најавуваат дека власта често ќе биде неспособна да ги собере во кворум пратениците кои ја изгласале. Затоа под превезот на “пандемијата и дигитализацијата” ќе се обидат да ја сокријат својата неефикасност со проект за онлајн Собрание.
„Парадокс е како еден шофер може да биде на работното место во автобус, еден наставник може да биде на работното место во училница, еден лекар може да биде на работното место во болница, новинарот и градежниот работник исто така, а 61 пратеник со високи плати и добри услови за работа наводно заради здравствен ризик не можеле да дојдат на своето работно место“, пишува Милошоски..






