Милошоски: Јавниот долг 6,5 милијарди евра – еднакво на 2 буџета

Јавниот долг е зголемен колку два годишни буџети, и достигнува 6,5 милијарди евра, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој беше во посета на Велес.



„Видовме дека во минатата година се потрошија милијарда евра, но ефектот врз стопанството го нема, напротив имаме зголемена невработеност и имаме фирми кои што потешко живеат и работат. Затоа сметаме дека ваквиот начин на работа не е поднослив за државата, и е добар повод од економска гледна точка дополнително со ова нефункционално би рекол мнозинство во Собранието да имаме предвремени парламентарни избори“, посочи Милошоски.