Мене ми изгледа дека СДС би биле пресреќни воопшто да нема избори, кој датум и да им го понудиш не им чини и не го прифаќаат, за нив ако може никогаш да нема избори, тогаш би биле најсреќни, вели Антонијо Милошоски во денешното гостување на радио „Лидер” .



Милошоски вели дека има многу сериозни причини зошто би требало да има заеднички претседателски и парламентарни избори, особено во вториот круг на претседателските избори.

„Прво, економски исплатливо е да не се трошат два пати по 10 милиони евра, да се заштеди на буџет кога имате незадоволни пензионери и немате учебници во образованието.

Второ, да не влезе државата во уставна криза. Минатите претседателски, цензусот на излезеност беше 46% проценти. Според последниот попис имаме 9,6% помалку резидентно население од претходниот попис и тоа за 2021 зборувам, во 2024 година бројката веројатно ќе биде уште помала заради овој феномен на миграција и поврзан со феноменот на намален наталитет во изминатите 20 години.

Затоа, само претседателски избори значи ризик, незадоволство кај народот кој што дел од гласачите би го искажале и со не излегување на избори, дел од нив се и реално отсутни и не можат да гласаат и можеме ад се доведеме во ситуација, навистина, да имаме не избран претседател”, вели Милошоски.

Милошоски вели дека доколку имаме заеднички избори, кампањата ќе почне некаде од јануари-февруари и ќе заврши до средината или крајот на мај…

А, ако имаме раздвоени избори тоа ќе трае и државата ќе биде во грч, ќе страда и стопанството и услугите кон граѓаните…