Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бара да се биде внимателен кога германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Бугарите во македонскиот Устав е последниот услов што земјава треба да го исполни за да ги продолжи пристапните преговори со ЕУ.



Ковачки: Изјавата на Шолц е погрешно пренесена

„За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека ‘нема да има нови услови од Бугарија’, освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени сериозни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија“, се наведува во статусот на Милошоски.