Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, ја поздрави денешната прес конференција на шефот на државата, Стево Пендаровски, на која се огради од некои ликови, наводно блиски до Кабинетот на претседателот, кои предизвикани од објавените снимки на италијанската „Ла верита“ изрекоа непримерни квалиикации на адреса на италијански политичари.
„Јас го поздравувам ставот на Пендаровски дека италијанскиот министер за внатрешни работи не е клепто-фашист (како што го дефинира Проф Чупеска), и тоа што лично Пендаровски го потенцира “Салвини не е фашист, туку демократски избран политичар на италијанскиот народ во демократска и пријателска Италија”.
Браво Стево! – напиша Милошоски на ФБ.




