Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја искоментира изјавата на поранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева според која уставните измени во Макеоние не се ништо страшно и дека Бугарите како дел од реалноста во земјава мора да влезат во Уставот.



Захариева: „Промената на Уставот на Македонија не е ништо страшно“

Ако Бугарите се дел од реалноста на Македонија и дека не е голема работа тоа да се преслика во Уставот, за да отпочнат преговорите со ЕУ, тогаш прашање е дали за Захариева се реалност десетината пресуди од Судот за човекови права во Стразбург, кои се однесуваат на оневозможување на правото на здружување на Македонците во Бугарија?