На конкурсот на МНР за вработување на 26 млади дипломати распишан во декември минатата година, за 26 работни места – млади дипломати во МНР – се пријавиле 819 кандидати.
Од нив 723 беа елиминирани од старт!!
„Примени се само 5-мина кадри, подобни за министерот, затоа што биле учесници во Шарената револуција, гушкачи на ГТЦ, роднини на истакнати членови на СДСМ, а одбиени магистранти и докторанти на елитни странски универзитети“ пишува на Фејсбук претеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, кои има сет прашања за сегашниот прв човек на македонската дипломатија:
– Дали учеството во Шарената револуција е сертификат за работа во МНР?
– Дали другарувањето и кафанската софра со функционери на СДСМ е еден од условите за кариерен дипломат?
– Дали веќе вработен вујко, чичко, татко во МНР значи дека и синот, ќерќата и внукот имаат наследно право да станат дипломати? (Поп Ангелов, ти текнува?)
– Дали Димитров планира да ги задржи младите во Македонија со ваква дискриминирачка селекција при вработување?
– Незгодно ли ти е и после 8 месеци да ги објавиш одлуките за избор на кандидати, иако имаш законска обврска, или чекаш другите 800 и кусур непримерни кандидати да заборават на конкурсот или да си заминат од Македонија, за да не поднесат жалба?- прашува Милошоски во статус споделен на социјалните мрежи.







