Милошоски: Дали Бектеши го излажал и премиерот?

Откако четири актуелни министри изјавија дека се противат на отварањето на рудникот Иловица-Штука, односно дека биле измамени или изманипулирани од министерот за економија Крешник Бектеши, на социјалните мрежи реагираше пратеникот Антонио Милошоски.



„Дали премиерот Димитар Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова? прашува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер.

Да потсетиме, министерката за животна средина Каја Шукова и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчовска кои вчера присуствуваа на протестот во Струмица изјавија дека Бектеши ги измамил премиерот Димитар Ковачевски и неговите колеги министри. И министрите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска отворено велат дека се сомневаат дека биле измамени од нивниот колега…