Милошоски: Бараат смена на името заради идентитетот на Македонците

Пратеникот Антонио Милошоски на својот профил на „Фејсбук“ ги коментира реакциите во Грција по предлогот, наводно, од македонска страна за „Република Илинденска Македонија“ како решение за името.



„Заев и Ципрас се согласиле за предлогот Republic of Ilinden Macedonia.
Но, главната опозициска Неа демократија во Грција го одби предлогот како неприфатлив, бидејќи Илинден, според нив, има директна историска поврзаност со обидот за создавање на ‘вештачка македонска нација’?!
Појасно здравје: бараат смена на името заради идентитетот на Македонците!“, напиша поранешниот македонски министер за надворешни работи и подоцна потпретседател на Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.