Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поденесе амандман со кој ќе се одземе можноста пратеник во македонскиот парламент да има двојното државјанство.
Повод е провокацијата на бугарскиот вицепремиер Кеасимир Каракачанов, кој, „пробува преку неговите лажни вести да фрли гума за спасување на власта и објави список на наводни Македонци-политичари биле „државјани“ на Бугарија.
„Во услови кога власта со соочува со други скандали, нормално е преку ваквите лажни вести да ја дефокусира јавноста. Затоа, Милошослки (спменат во списокот на Кракачнов) нуди решение:
„Во текот на овие денови како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесеме амандман којшто ќе се однесува на законот за пратеници и законот за избори и кадешто ќе пишувам дека кандидат за пратеник може да биде само лице кое има само македонски и ниедно друго државјанство“, рече Милошоски за Радио Лидер.
Тој вели дека прават паралела исти услови да треба да исполнува пратеникот како и да се биде амбасадор, односно да има само македонско државјанство.






